Makaware
не поседува сопствени сервер кои ги контролира физички,туку изнајмува
ресурси или услуги од други хостинг компании во странство. Makaware за
истите одговара како посредник помеѓу крајните корисници и
хостинг партнерите.
Makaware се обврзува да ги обезбеди следниве услови при хостирање:
-Да го дефинира и диагностицира проблемот кој е јавен од страна на
нашиот клиент. Ако во случај се работи за корисничка грешка која не е
поврзана со серверска страна(наша страна) или за грешка која корисникот
ја направил сам, да го насочи корисникот до полесно решавање на
проблемот.
-Ако во случај се утврди дека се работи за серверска грешка за која
хостинг партнерот е одговорен, во најбрз можен рок да ги контактира
хостинг партнерите и да обезбеди чиста и јасна информација и времето
потребно за решавање на проблемот.
-Ако поради било кој проблем од серверска страна хостинг партнерот не е
во можност да воспостви нормално и квалитетно работење, Makaware се
обврзува да обезбеди нов сервер или хостинг услуга*.
-Ако по барање на клиентот се бара одкажување на услугата, да обезбеди
услови за миграција на податоци која клиентот самостојно и со сопствена
одговорност ќе ја спроведе**.
-Ако клиентот побара префрлување или мигрирање на хостинг
планот(windows или linux), ќе се спроведе бесплатно по првите 30
дена. По истекот на овие 30 дена префрлањето на хостинг планот на
различно базиран оперативен систем или различно лоциран сервер ќе биде
наплатен по редовна цена како за нов хостинг план. Податоците кој ќе
треба да се мигрираат од стариот на новиот хостинг план или систем ќе
треба клиентот самиот да ги направи.
Услови кој Makaware се обврзува дека ќе ги обезбеди:
-Статус за евентуални проблеми на серверите во секое време преку twitter(http://twitter.com/makaware/) или email.
-Поставување на кориснички профил за пристап преку FTP, постувување на
email сервер и email адреси, пристап до кориснички контрол панел*** и
пристап до базни сервери за менаџирање на податоците.
-По испратен email или отворен тикет да одговори во рок од 24**** часа
-Да одговара на телефонски позиви за техничка подршка*****
-Квалитетен пристап и достапност 97%
Makaware ги почитува сите конвеции и улови пропишани според светските стандарди за квалитетна услуга напишани според провајдерот кој го споредува.
Makaware го задржува правото да го прекине договорот за хостинг односно хостинг планот ако се прекршат следниве услови:
-*Квалитето на услугата и достапноста го мерат независни мониторинг
компании кој се светски признати. Одстапувањето на достапност и
квалитет на услуга не треба да биде под 97% кое е пропишано според
светските стандарди за хостинг услуги.
-**Makaware не одговара за евентуални проблеми кој можат да настанат
при процесот на миграција кој клиентот сам ги спроведува. По еден месец
од одкажување на услугата Makaware го задржува правото неповратно
бришење на податоците. Ако по овој период клиентот пријави дека не
успеал во целост или има проблеми со миграционите податоци,Makaware не
сноси никаква одговорност за истите. Ако по барање на клиентот се
побара миграцијата на податоците да се спроведе од страна на Makaware
истата ќе се спроведе според редовниот ценовник за миграција на
податоци. Миграцијата на податоците значи обезбедување на сите податоци
во целост на оптички уреди или тврд диск со предходно утврдена
автентичност на податоците на серверска страна.
-***Само одредени кориснички профили имаат можност за пристап до контролниот панел
-**** Во некој пакети овој број на email одговори или рокот е
пролонгиран на 48 часа односно на 2 одговорени email за подршка